Црна хроника
Тинејџер нападнат со нож во центарот на Скопје
Осумнаесетгодишно момче ноќта кон саботата во строгиот центар на главниот град било нападнато со нож и ограбено, а притоа се здобило и со скршеница на вилицата.
Како што соопшти во саботата Секретаријатот за внатрешни работи, ноќта кон саботата, околу 1:30 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека е донесено лице О.И., на 18 години, од Скопје, со повреда од нож во пределот на ногата како и скршеница на долна вилица.
Според изјавите на нападнатото момче, повредите ги здобил на булеварот „Кочо Рацин“ од страна на неколку непознати лица кои физички го нападнале при што му одзеле една машка торбичка во која имало 3.000 денари, мобилен телефон и други лични предмети, а едно од лицата со нож му нанел повреда по што избегале./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.