Црна хроника
Трагедија на автопатот Суботица-Нови Сад, загинаа две деца
Три лица загинаа, меѓу кои две деца (8 и 5 години), а уште двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќта во четврток кон петок на автопатот Суботица-Нови Сад, во близина на Нови Сад.
Несреќата се случила кога возач на „мерцедес“ со австриски регистерски таблички се обидел да го избегне телото на пешак кое било на патот, по што удрил во заштитната ограда, а возилото се извртело и завршило со задниот дел под паркиран камион.
Загина пешак кој не е идентификуван, како и две деца што се наоѓале во „мерцедесот“, додека возачот и совозачот на автомобилот се потешко повредени.
Четвртиот патник од автомобилот е од Косово.
Според неофицијални информации, неидентификуваниот пешак излегол на автопатот и застанал на коловозната лента во правец од кој доаѓал камион со македонски регистерски ознаки, кој го удрил. Со камионот управувал македонскиот државјанин Н.Д. (52).
Возачот на „мерцедесот“ А.Д. (38) се обидел да го избегне прегазениот пешак, но најпрво удрил во заштитната ограда, а потоа со задниот дел од возилото завршил под камионот, каде што седеле двете деца.
Српската полиција направи увид на местото на настанот. /крај/бл/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени пет лица од Гостиварско, украле добиток и го продале
Полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Галате, вчера во 16 часот и 15 минути и 19 часот и 30 минути ги лишиле од слобода: 23-годишниот Е.Ф., 18-годишниот Ј.М., 27-годишниот Е.А., 18-годишниот А.Д. и 32-годишниот И.Ф., сите од гостиварски Добридол, извести СВР Тетово.
„Тие се сомничат дека во периодот од 23.03. до 28.03.2024 од штала сопственост на 38-годишниот С.М. од истото село, противправно одзеле добиток и потоа го продале на друго лице од тетовско“, соопшти СВР Тетово.
Задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Две лица од Тетовско измамени за 11 илјади евра: Албанец им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, ниту отворил, ниту ги вратил парите
Педесет и седумгодишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот на минатиот месец нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврати му платиле вкупно 11 илјади евра, извести СВР Тетово.
„Но, ниту фирмата им била отворена, ниту парите им ги вратил, по што сфатиле дека се измамени“, соопшти СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.