Црна хроника
Три лица грабнале петнаесетгодишно девојче
Петнаесетгодишно девојче било грабнато ноќта во четврток кон петок од валандовското село Калково, соопшти полицијата.
Според истиот извор, случајот во полиција го пријавил нејзиниот татко С.А.(35), кој рекол дека грабнувањето се случило околу 1 часот по полноќ.
Грабнувачите заедно со девојчето со патничко возило „фолксваген пасат“ црвена боја се упатиле во правец на Неготино, а потоа кон Радовиш.
Од преземените мерки било дознаено било дека се работи за лицата: Е.М.(21), Ѓ.Д.(25) и М.А.(17), сите од с.Градашорци. Од страна на полициски службеници од ПС од ОН-Радовиш грабнувачите се лишени од слобода за понатамошна постапка. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.