Црна хроника
Триесет дена притвор за скопски дилер на марихуана
Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје, со кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство Скопје предаде 27- годишен скопјанец,, против кого инаку имало десетина кривични пријави за разни дела, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело-“недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори““ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.
Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје, со кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство Скопје предаде 27- годишен скопјанец,, против кого инаку имало десетина кривични пријави за разни дела, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело-“недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори““ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.
Имено, пријавениот во текот на минатата и оваа година неовластено, за натамошна препродажба, од непознато лице набавил и држел кај себе неодредено количество марихуана која ја чувал во викенд куќа во селото Раштак, ианкусопственост на неговиот татко, којашто ја препакувал во својот дом о дкаде и ја продавал.
Врз основа на наредба од Судија во претходна постапка од Основен суд Скопје -1, на 24-ти јуни бил извршен претес во домот на пријавенио,т како и во викенд куќата во селото Раштак при што биле пронајдени, одземени и доставени на вештачење една дигитална вага и 755,9 грама марихуана. Од страна на судија во претходна постапка на А.Г. му е изрече мерка притвор во траење од 30 денови.
Инаку во периодот од 1992/2007 година против ова лице идентификувано како А.Г. поднесени се десет кривични пријави, и тоа за сторени кривични дела „противправно лишување“, „загрозување на сигурноста“, „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, „кражба“ и „тешка кражба“ при што за дел од нив изречени му се мерки – „задолжително психијатриско лекување“, потоа казни затвор и парична казна./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.