Црна хроника
Трикратниот убиец од Кавадарци осуден на 40 години затвор
Обвинетиот за трикратното убиство што се случи минатата година во Кавадарци, е осуден на 40 години затворска казна.
Обвинителството побара доживотна казна за обвинетиот Тони Станоев, а неговата поранешна сопруга е незадоволна од пресудата.Трикратното убиство се случи на 9 ноември минатата година, кога Станоев ги уби родителите на неговата сопруга и нејзината ќерка. По трикратното убиство избега, но по два дена беше уапсен. Неговата поранешна сопруга го пријавувала и претходно за семејно насилство но институциите не презеле ништо конкретно за да ја заштитат./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.