Црна хроника
Тројца охриѓани кривично пријавени за насилство
Двајца 19 и еден 27-годишник од Охрид се кривично пријавени за насилство поради физички напад пред на две лица, од кои едното паднало во бесознани, пред две седмции во ноќнито клуб „Кадмо“.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, СВР Охрид поднесе во понеделникот кривична пријава против 27- годишниот Ф.М., како и против 19-годишните М.П. и Д.Ј. сите од Охрид. Тие се оварат дека на 8-ви август околу 02,00 часот, заедно со уште неколку лица, во ноќниот клуб „Кадмо“, физички го нападнале својот сограѓанин К.Р. удирајќи го со раце и нозе во главата и по телото.
Од силината на ударите повредениот паднал во бесознание, по што веднаш е пренесен во Општата болница во Охрид.
Потоа пријавените ја нападнале и Ј.Ф. која се обидела да ги спречи и да го заштити нападнатиот. Притоа и таа била удирана со повеќе удари со раце и нозе и со влечење за коса била изнесена надвор од објектот.
Истиот ден, СВР Охрид ги пронајде и приведе осомничените по што беше извршено препознавање и идентификација на лицата учесници во нападот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.