Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајка на патот Скопје – Тетово
Три лица се тешко повредени во сообраќајка што се случила во неделата околу 22.30 часот на автопатот Скопје – Тетово во непосредна близина на Добарскиот надвозник, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Сообраќајката ја предизвикал автомобил „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од триесет итригодишен гостиварец, кога удрил во автомобил „опел“ со скопски регистерски таблици којшто стоел. Педесет ичетиригодишниот скопјанец имал проблеми со движењето, па двајца охриѓани му помагале да го извлече автомобилот од снегот.Од ударот возачот на „опелот“ се здобил со телесни повреди по што бил пренесен и задржан за опсервација во тетовската клиничка болница. Во несреќата со далеку потешки последици завршиле двајцата охриѓани кои по укажаната лекарска помош во Тетово итно биле префрлени на скопските клиники. Извршен е увид и се расветлуваат причините и се друго поврзано со оваа несреќа. Првично причина е неприлагодена брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 60 илјади денари./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.