Црна хроника
Тројца повредени во три одделни сообраќајки
Во три одделни сообраќајни несреќи, во изминатото деноноќие, повредени се возач на сканија, сопатник и пешак, соопшти полицијата.
Имено, во средата околу 11.50 часот на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода во која Ѓ.Д. (30) од Неготино, управувајќи камион „сканија“ со полуприколка со велешки регистарски ознаки, од непознати причини товарот од полуприколката паднал на коловозот, по што удрил во дрво. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Градска болница Прилеп е префрлен во Ургентен центар Скопје. Истиот ден, во 18.10 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“ се случила сообраќајна незгода во која К.М. (20) од Струмица, управувајќи автомобил „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во задниот дел од паркирано „југо“ со струмички регистарски ознаки, паркирано од Д.Т. (47) од село Самоилово. Во незгодата сопатничкатаод автомобилот „југо“ Љ.Т. (59) од село Самоилово се здобила со тешки телесни повреди. Таа е пренесена и задржана на лекување во Медицински центар Струмица. Во 19.20 часот во Струмица на булевар „Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода во која З.А. (30) од село Дравош, управувајќи автомобил „лада рива“ со струмички регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Е. (70) од Струмица. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Истиот е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Струмица. Извршен е увид на местата на несреќите./крај/мф/бб
Извор: Илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.