Црна хроника
Тројца повредени во три одделни тепачки низ Македонија
Во четвртокот во Ресен, Кавадарци и Оризаре, кумановско, се случиле три одделни тепачки, од кои епилогот е тројца повредени.
Имено, во првиот случај, што се случил во село Златари, ресенско, во 23.30 часот во полициската станица во Ресен Т.Н.(49) од село Златари телефонски пријавил дека од страна на лицето С.Н.(40) од Ресен со нож му нанел повреда односно расекотина на левата страна од вратот на неговиот брат Љ.Н.(47) од Скопје.Повредениот е пренесен во Клинички болница – Битола за укажување на лекарска помош. Фамилијарна тепачка се случила и во село Оризаре, кумановско каде И.Ј.(54) бил физички нападнат со тврди предмети од страна на М.Ј.(35), М.Ј.(31) и В.Ј.(37) инаку негови роднини, по што тие избегале.Истиот ден, во 11 часот во полициската станица Кавадарци И.Т. (34) од Кавадарци, пријавил дека околу 3 часот додека бил во својата куќа, повеќе лица влегле во собата каде спиел и физички го нападнале удирајќи го со палки по телото. На местото на настанот извршен е увид. Се преземаат мерки за расчистување на случаите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.