Црна хроника
Тројца повредени во верижен судар на патот Охрид Ресен
Три лица се повредени во сообраќајната незгода што вчера во 17.30 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на депонијата Буково, соопштија од полицијата во Охрид.
Поради сериозноста на здобиените телесни повреди, во Општата болница во Охрид префрлени се: М.Б. (15), Л.Б. (44) двете од Скопје како и А.Р. (19) од Битола, кои, по укажаната медицинска нега се задржани на понатамошно лекување. Во сообраќајната незгода учествувале четири патнички моторни возила „голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од Х.С. (20) од Битола, „цитроен“ со тетовски регистарски управувано од И.П (33) од Битола, „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Б (44) од Скопје и возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Т. (30) од битолското село Горно Оризаре. Незгодата е случена во момент кога возачот со првото возило марка „голф“, движејќи се од правец на Охрид кон Ресен, во близина на депонијата започнал да престигнува колона на возила, а од спротивен правец се појавило второто возило марка „цитроен“. Сакајќи да избегне директен судир, возачот на автомобилот „голф“ се вратил на десната сообраќајна лента но изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот на десната страна. Во истиот миг, второто возило марка „ситроен“ кое се движело од правец на Ресен према Охрид преминало на левата сообраќајна лента и со предниот лев дел се судрило со предниот лев дел од третото возило марка „сеат кордоба“ кое се движело од Охрид према Ресен пришто од силата на ударот излетало надвор од коловозот на десната страна. Четвртото возило марка „пасат“ кое се движело во колона од правец на Охрид кон Ресен со цел да избегне судир изгубило контрола и исто така излетало надвор од коловозот на десната страна. По овластување на Јавниот обвинител, на местото на сообраќајната незгода извршен е увид при што од 17.30 до 19.10 часот сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Ресен целосно беше затворен за сообраќај. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.