Црна хроника
Тројца тешко повредени во сообраќајки
Три лица се тешко повредени во три одделни сообраќајки што се случиле во средата во Куманово, Охрид и село Долно Лакочереј, охридско.
Во Куманово сообраќајката се случила во четвртокот попладне околу 16.40 часот на улица „1-ва“, кога триесет и тригодишен кумановец со автомобил „фолксваген голф“ прегазил педесет и петгодишна жена, пешак. Жената со тешки повреди била пренесена во Меицинскиот центар во Куманово, а поради сериозноста на повредите биле однесена во Ургентниот центар во Скопје.Сообраќајкта во Охрид се случила на улицата „Туристичка“ околу 12.45 часот. Четиририесет и петгодишен охриѓанец со мопед „скутер кивеј“ удрил во паркиран автомобил „пежо 307“. Возачот со тешки повреди е пренесен во Општа болница-Охрид.Дваесет и тригодишна девојка од Охрид во четвртокот во 15.30 часот управувајќи мопед „Џон Вејн“ изгубила контрола и паднала. Таа со тешки повреди со возило на Итна медицинска Помош била пренесена Општа болница Охрид, каде и е укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на сообраќајките и се утврдуваат причините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.