Црна хроника
Тројца уапсени, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Вчера во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека и се заканувал на неговата 33-годишна вонбрачна партнерка пред домот каде таа престојувала, а истото се случило и неколку дена претходно. Известени се јавен обвинител и социјален работник и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
На 30.04.2026 во 00:22 часот во СВР Охрид е пријавено дека Х.В. од Охрид, во семејниот дом бил агресивен кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.05.2026 во 00:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Н.И.(27) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.04.2026 во 13:00 часот во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го лишија од слобода Н.К. (39) од село во општина Боговиње.
Претходниот ден во 15:30 часот, тој бил пријавен од неговата 41-годишна сопруга дека во нивниот стан физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, извести МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско
Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33)од с.Идризово, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал
Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.
Тој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол
Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот дом Б.И.(18) физички го нападнал, го удрил со кундак од пиштол и му нанел повреда.
Според пријавеното, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка.
Откако забележал дека во наведеното време Б.И. со уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да ги спречи, по што Б.И. го нападнал со кундак од пиштол.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
