Црна хроника
Тројца загинати во сообраќајка кај село Белица
Во саботата околу 13 часот на патот Кичево – Демир Хисар, кај село Белица, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Ф.И. од Прилеп и автомобил „Фолксфаген Поло“ со кичевски регистарски ознаки управувано од 58-годишниот Реџеп М.од село Лисичани, кичевско.
Од здобиените повреди на лице место починале Реџеп, неговата сопруга 47-годишната Сание М. и неговиот син, 25-годишниот Рејхан М., кои биле сопатници во возилото. Во нeзгодата со тешки телесни повреди се здобил и Ф.И. кој по укажаната медицинска помош во болницата во Кичево е префрлен во општата болница во Прилеп, соопштуваат од МВР./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.