Црна хроника
Тројно убиство во Злетово, убиецот во бегство
Тројно убиство се случило утрово околу 7 часот во Злетово, пробиштипско.
Според неофицијалните информации, со огнено оружје убиени се двајца повозрасни мажи и една жена.Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот. Тројно убиство се случи и пред дваесетина дена, кога кавадарчанец ги затрелал таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 39-годишник од Студеничани, возел „џип компас“ евидентиран во базата на Интерпол како украден
Вчера попладне, во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот Џ.Р. од село Црн Врв, општина Студеничани, извести МВР.
„При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидентирано во базата на Интерпол како украдено“, соопшти МВР.
Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсена жена во Гостивар, ограбила продавница
Вчера во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети, извести МВР.
Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице, извести МВР.
„Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.