Црна хроника
Тројца тешко повредени во три одделни сообраќајки
Во три одделни сообраќајни незгоди во струмичко, штипско и во Куманово, тројца се здобиле со тешки повреди, крварења во мозокот, нагмечување на глава, скршеници на череп, потрес на мозок и посекотини, соопшти полицијата.
Во петокот, во 19.35 часот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село делница од село Босилово до село Турново, се случила сообраќајна незгода помеѓу Трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишно лице од село Сарај и автомобил „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Т.(50) од Струмица.
Во незгодата со крварење во мозокот, скршеница на челна коска, фрактура на горна вилица се здобил сопатникот во автомобилот, Ј.М.(78) од Ново Село. На истиот му била укажана лекарска помош во МЦ-Струмица, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен на лекување на клиниката за Неврохирургија во Скопје. Другите двајца имале полесни повреди и пуштени се дома. Од 20.30 до 22.40 часот сообраќајот бил во прекин.
Истиот ден, во 19.05 часот на регионалниот пат Плачковица – Штип, се случила сообракајна незгода во која автомобил „Фиат Пунто“ управувано од И.П.(31) од село Крупиште, излетало надвор од колвозот и удрило во дрво. Во незгодата И.П. се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Штип, каде од страна на лекар било констатирано дека се работи за контузија на глава со отворена рана, потрес на мозок и болки во вратот, посекотини во пределот на глава и нагмечување на глава, по што поради карактерот на повредите бил препратен во Ургентниот центар во Скопје. Увид на лице место е извршила увидна екипа од Штип.
Исто така во петокот околу 21.50 часот во Куманово на раскрсницата од бул.„Трета Македонска ударна бригада“ и бул.„Октомвриска Револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Ровер“ управуван од А.Ј.(18) од Куманово и автомобил „Шкода Октавија“ управуван од М.С.(24) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во „Роверот“ С.С.(19) од Куманово, на која и била укажана лекарска помош во болницата во Куманово, по што била препратена на клиники во Скопје, додека А.Ј, М.С. и сопатниците во „Шкода Октавија“ А.Д.(28) и М.Т.(25), сите од Куманово, се задржани на лекување во Куманово. Увид на лице место извршила екипа од Куманово./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.