Црна хроника
Турчин со фалсификат бугарски пасош уапсен во Охрид
Еден Турчин е приведен и ќе биде во притвор осум дена, откако кај него е најден фалсификат бугарски пасош што планирал да го користи како вистински.
Имено, поради сомнение за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот Џ.О. од Истанбул. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Охрид, му определи мерка притвор во траење од осум дена. Како што соопшти полицијата, имале сознанија за нелегално присуство на турски државјанин кој поседува турски и најверојатно фалсификувани бугарски документи со различен идентитет, на 27-ми минатиот месец извршиле претрес во домот на пријавениот лоциран на улицата ,,Даме Груев“ во Охрид. Притоа, пронајдена е и одземена една бугарска патна исправа на име С.Е. (48), што ја користел пријавениот.Тој во 2015 година на лица од Турција им дал негова фотографија и им платил 15.000 евра да му изготват бугарски пасош со важност до 2017 година.Пријавениот, во ноември 2015 година, бугарскиот пасош го употребил во Турција, а потоа го внел во Република Македонија со намера да го искористи како вистински. На 26-ти минатиот месец во Охрид, пријавениот управувајќи патничко моторно возило марка „пежо“ со охридски регистарски таблици предизвикал сообраќајна незгода по што се обидел да избега од местото на настанот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.