Контакт

Црна хроника

Уапсен 46-годишник од Штип: лажно се претставил како полицаец, одзел возило, предизвикал незгода и нападнал полицаец

Објавено пред

Вчера околу 09:00 часот, полициски службеници од СВР Штип во угостителски објект на улицата „Сутјеска“ во Штип го лишиле од слобода 46-годишниот Б.Х.Ј. од Штип.

Околу 08:00 часот, пред влез на средно училиште на подрачјето на Штип, тој од М.А. од Штип одзел службено возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, откако го сопрел претставувајќи се лажно како полициски службеник и извршил лажен претрес во возилото, по што се упатил кон населбата Ново Село.

Притоа, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило на улицата „Маршал Тито“, а потоа продолжил кон центарот на градот. Околу 08:45 часот на улицата „Сутјеска“ пресретнал жена од Штип која се движела со куче и насилно и го одзел кучето, по што се оддалечил од местото.

По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Штип, возилото било лоцирано, а лицето лишено од слобода. При лишувањето од слобода, полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Во текот на ноќта, истото лице било пријавено и во уште два настани – поради расправија и упатување навреди, како и за оштетување банкомат во објект на улицата „Сутјеска“.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривична пријава за жител на Миладиновци, истоварил 43 буриња со амонијак на државно земјиште

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против 62-годишниот Д.М. од селото Миладиновци поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.

Според полицијата, на 12 ноември 2025 година пријавениот со товарно возило истоварил 43 метални буриња исполнети со водени раствори на амонијак на земјоделска површина во атарот на неготинското село Кукуричани.

Како што соопштија од полицијата, земјиштето на кое биле оставени бурињата е во државна сопственост.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

17-годишник од Карбинци паднал од коњ, со тешки повреди пренесен во болница

Објавено пред

Вчера од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од с.Почивало, општина Карбинци.

Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од коњ и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

20-годишникот кој се удави вчера во Струга бил со педалинка во езерото – МВР со детали

Објавено пред

Дваесетгодишниот С.С. починал во Медицинскиот центар во Струга, откако преходно бил изваден од водите на Охридското езеро на „Машката плажа“.

Според информациите од полицијата, тој бил со педалинка во езерото.

„Бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош,а во 16:05 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, соопшти МВР.

Извршен е вид од увидна екипа на ОВР Струга.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

(Видео) Трамп се потсмеваше дека сопругата го тепа Макрон: сега се сретна со неа, објавена снимка

Доналд Трамп се сретна со Емануел и Брижит Макрон за прв пат пред камерите на самитот на Г7, откако американскиот...

Македонија14 минути

Променливо облачно и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен...

Спорт7 часа

(Видео) Голчиште на Мбапе, Франција го победи Сенегал

Франција го победи Сенегал со 3:1 (0:0) во првиот натпревар, одигран во И групата на Светското првенство. На „МетЛајф“ стадионот,...

Свет8 часа

Трамп тврди дека може да се оди пеш од Иран до Катар

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повтори својата географска грешка за време на разговорите на самитот на Г7 во Франција,...

Спорт9 часа

Бернардо Силва потпиша за Реал

Бернардо Силва, како слободен играч го засили Реал Мадрид. Искусниот португалски репрезентативец, кој беше еден од клучните играчи на Манчестер...

Забава9 часа

Витаминот Ц е важен и за здравјето на мозокот: Ново истражување открива изненадувачка врска

Витаминот Ц не само што придонесува за зајакнување на имунитетот, туку може да игра важна улога и во одржувањето на...

Свет10 часа

Италија распоредува систем за воздушна одбрана на НАТО во Турција

Италија ќе распореди систем за воздушна одбрана во централна Турција како дел од одбранбениот план на НАТО, објави турското Министерство...

Македонија10 часа

Заврши реконструкцијата на една од главните сообраќајници во Кочани

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста...

Свет11 часа

Турција испрати јасна порака до Москва и Киев: Запрете ги нападите во Црното Море, подготвени сме за преговори

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, му пренесе на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, предупредување за важноста...