Црна хроника
Уапсен дилер на хероин во Кичево
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х.(46) од Кичево.
При претрес извршен во домот на сега пријавениот, пронајдени и одземени се две пластични боци со непозната течност и една самоделска цевка од алуминиумска фолија.
Од извршеното вештачење во МВР, констатирано е дека трагите од кафеава материја на алуминиумската фолија претставуваат хероин, додека течноста во двете пластични шишиња со вкупен волумен од 13 милилитри претставува метадон-синтетички опијат кој влегува во групата на аналгетици, кој често се користи во терапија при лечење на зависност од хероин и подлежи на контролирана продажба.
На трети ноември минатата година, пријавениот, на З.В. од селото Трапчин Дол му понудил и му продал одредена количина дрога хероин кој пак ја сокрил во водоводен вентил од неговото патничко моторно возило марка „Reno-Espace“.
Полициските службеници, ја пронајдоа и ја одзедоа прашкастата материја запакована во најлонска кеса и сокриена во водоводниот вентил од автомобилот. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.