Црна хроника
Уапсен маж во САД поради испраќање стотици писма со бел прав
Маж обвинет за испраќање стотици писма од 2008 година со мистериозен бел права, кој на крајот сее покажал безопасен, е уапсен во понеделникот во американската сојузна држава Тексас.
Шеесет ишестгодишниот Хонг Минг Руонг, е обвинет на 25-ти јули пред федералниот суд во Тексас за испраќање на она за што „можело разумно да се верува“ дека е антракс.
Утврдено е дека правот пронајден во секое од тие писма е всушност безопасен, но предизвикал паника и ги исцрпел полициските ресурси. Повеќе до 500 такви писма биле испратени во „Lockheed Martin“ во Тексас и во училишта ширум државата.
Писмата со бел прав, пак, испратени во мај 2012 година започнувале со „Ал Каеда се врати“ и го поврзала испраќачот со оваа глобална исламистичка терористичка мрежа./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.