Контакт

Црна хроника

Уапсен мозокот на криминална група која се богатела со државни пари

Објавено пред

Финансиската полиција во четвртокот уапсила скопјанец кој се сомничи дека е мозок и организатор на криминална група специјализирана за финансиски криминал тежок, ни повеќе ни помалку, туку 372.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Според податоците од истрагата до кои дојде Финансиската полиција, уапсениот во периодот 2012/2013 година организирал мрежа од повеќе фирми кои добиле различни улоги во криманалниот потфат за незаконски поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) од Буџетот на Република Македонија.Во бизнисот со ДДВ директно биле вклучени фирмите „Херонеја плус“ управувана од братот на првопријавениот, „Калијани ДООЕЛ“ управувана од лицето Д.Џ и „Металопластика -груп ДООЕЛ“ управувана од лицето С.Д, сите од Скопје. Преку овие фирми уапсениот М.Р со помош на лица кои добро биле запознаени со системот за поврат на ДДВ успеал буквално да украде од државниот Буџет сума од 372.000 евра. Кривичното дело е сторено на начин што првопријавениот преку управителите на фирмите кои биле под директна негова команда, до надлежните служби за поврат на ДДВ во текот на 2012 и на 2013 година доставил фалсификувани ДДВ пријави со наводно побарување за поврат на повеќе уплатено ДДВ. Фирмата „Херонеја плус“ управувана од неговиот брат инкасирала вкупно 132.000 евра, фирмата „Калијани ДООЕЛ“ управувана од лицето Д.Џ., инаку познат скопски престапник, инкасирала вкупно 112.000 евра и фирмата „Металопластика -груп ДООЕЛ“, управувана од лицето С.Д., инкасирала вкупно 128.000 евра. Откако парите од државниот Буџет биле префрлени на банкарските сметки на овие три фирми, првопријавениот со цел да го сокрие трагот на парите и колку што е можно да ја затскрие целата криминална операција, дал насока на управителите кои биле под негова команда дел од парите да ги извадат во кеш и да му ги дадат нему лично додека другиот дел бил трансфериран кон фирмите „Маки-ком груп“ и „Апс-асо“ коишто, исто така, се контролирани од групата и од каде натаму се извадени во кеш. За добро завршената работа, организаторот на бизнисот со поврат на ДДВ на сите други инволвирани лица им исплатил помала сума пари, како благодарност за успешно завршената работа, а остатокот од пленот го задржал за себе и го користел за свои лични потреби. Судија на претходна постапка од скопскиот Кривичен суд на уапсениот му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, а на лицето С.Д му е одземена патната исправа и ќе се брани од слобода. Трите лица кои се сé уште недостапни за органите на прогонот ќе се бараат со соодветни потерници./крај/мф/

Црна хроника

Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба

Објавено пред

Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.

Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните. Корупцијата е распространета во секоја...

Македонија1 час

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување

На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови...

Свет2 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Македонија12 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ18 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија19 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ20 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија21 час

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија22 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија22 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија24 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...