Црна хроника
Уапсен претседателот на кумановскиот суд во полициската акција
Претседателот на кумановскиот суд, неофицијално, е меѓу уапсените во полициската акција којашто ја спроведе полицијата во повеќе градови низ Македонија.
Од Основното јавно обвинителство соопштуваат дека едно од осомничените лица врши висока функција во Основниот суд во Куманово и се гони за злосторничко здружување и за злоупотреба на службената положба и овластување. Судскиот совет веќе одржа итна седница на којашто му е одземен имунитетот на претседателот на судот на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје.Обвинителството спроведува истражна постaпка против 12 лица, а дел од нив веќе се на распит во Основниот суд Скопје 1. Останатите 11 осомничени се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложи до Судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка Притвор.Министерството за внатрешни работи најави прес конференција на којашто ќе соопшти детали за полициската акција спроведена во Скопје и Куманово./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.