Црна хроника
Уапсен припадник на ИС во Македонија- при апсењето се качил на кров и скокнал
Министерството за внатрешни работи во вторник уапси дваесет и тригодишен жител во скопската населба Гази Баба под сомнение дека се борел на страната на Исламската држава во Сирија.
Според информации од МВР, при апсењето осомничениот се качил на кровот од неговата куќа и скокнал. Според неофицијални информации, тој се здобил со повреди од падот од куќата и е задржан на лекување во скопските болници.Скопјанецот е уапсен во рамките на акцијата Келија и се товари за учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации. Кога се спроведувала акцијата, според сознанија на МВР, се наоѓал на Косово, а од таму се вратил пред десетина дена.Акцијата Келија беше спроведена на 6 август и тогаш беа уапсени 8, од вкупно 36 лица кои беа под сомнение дека учествувале или биле логистика за праќање на борци на страната на терористичката група Исламска држава.По апсењето на деветмината, беа уапсени уште три лица, меѓу кои и еден на Косово./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.