Црна хроника
Уапсен скопски „џепарош“
Скопската полиција приведе едно лице поради постоење основано сомневање дека сторил две кривични дела, и тоа „Кражба“ и „Кражба во обид“, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Осомничениот С.К.(45) од Скопје е познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против здравјето на луѓето и кривични дела против правниот сообраќај за што од страна на СВР Скопје во периодот од 1985 до 2015 година поднесени му се 31 кривична пријава.
Пријавениот на 04.09.2015 година, околу пладне, на подрачје на Центар, поточно во сутеренот во ГТЦ Скопје ја извршил кражбата во обид, на тој начин што додека оштетената со ескалатор се качувала од сутеренот кон приземјето во ГТЦ пријавениот и го откопчал патентот и ја протнал раката во чантата која оштетената ја носела на рамо и се обидел да изврши кражба.
Оштетената почувствувала дека некој и го отворил патентот од чантата и веднаш реагирала фаќајќи го за рака пријавениот при што го спречила извршувањето на кривичното дело.
Второто кривично дело го извршил на 10.09.2015 година, околу пладне, на подрачје на Бит Пазар, поточно на автобуската постојка во непосредна близина на Универзитетот Св.Кирил и Методиј, на тој начин што искористувајќи ја гужвата и невниманието на оштетената, со протнување на рака во нејзината чанта успеал да одземе еден паричник и други лични документи.
Бидејќи за цело време пријавениот бил опсервиран од страна на полициски службеници од Отсекот за џепни кражби при СВР Скопје, истиот веднаш по извршувањето на кривичното дело е фатен и лишен од слобода. Во ПСОН Бит Пазар од пријавениот со потврда е одземен паричникот со целата негова содржина, и истиот вратен на оштетената./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.