Црна хроника
Уапсен стружанец во тепачка во казино избодел двајца
Рано наутро во четврток, СВР Охрид го приведе и од слобода го лиши Б.Д. (35) од струшкото село Ливада, поради основи на сомнение дека е сторител на казненото дело тешка телесна повреда.
Приведениот Б.Д. се степал во четвртокот, околу 1.30 часот, во казино „Адмирал“ на улицата „Партизанска“ во Охрид. Тој употребил нож со кој го повредил Н.М. (34) во пределот на градниот кош а на Е.М. (35) му нанел два убода во пределот на слабината и грбот. Веднаш по нападот, сега приведениот избегал со автомобил „голф“ со струшки регистарски таблички додека двете повредени лица со возило од Брза помош се пренесени во охридската Општа болница каде се задржани за натамошно лекување.Тепачката во „Адмирал“ се случила кога сега приведениот, физички го нападнал Р.М. (31) од Охрид нанесувајќи му повеќе удари со тупаници во пределот на главата. По кратко време, во казиното пристигнале сега повредените Н.М. и и Е.М. кои се вклучиле во нарушувањето, при што биле тешко повредени со нож.Денес, по консултации со Јавниот обвинител, СВР Охрид против Б.Д. ќе поднесе соодветна кривична пријава./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.