Црна хроника
Уапсен тинејџер измамник
СВР-Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против С.Б. (18) од Скопје поради основано сомнение дека извршил шест кривични дела “измама“притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 54.000 денари.
Пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист во шест наврати измамил шест лица турски државјани.
Кривичните дела ги извршил во временскиот период септември – октомври годинава, и тоа две на подрачје на Бит Пазар и четири на подрачје на Центар. Тој со лажно прикажување на факти на странските државјани – студенти, им ветувал дека ќе им извади лични карти за странец и за таа услуга од нив земал пари.
Меѓутоа С.Б. ниту им извадил лични карти за странец во РМ ниту им ги вратил паричните средстава на оштетените . С.Б претставувајќи се дека има фирма за недвижности на некои од измамените им ветувал дека ќе им обезбеди и стан под кирија при што им земал пари за капар и пари за провизија, за што пријавениот им давал парагон ливче каса -прими без печат, и при тоа се договарале наредниот ден да одат на нотар со цел да го заверат договорот за закуп на стан меѓутоа во закажаниот термин С.Б. не се појавувал.
На 19-ти овој месец во ПС Центар обавен е разговор со лице исто така турски државјанин кој пријави дека е во преговори со пријавениот да му обезбеди стан под закуп за кој треба првично да плати одредена сума на пари. Набргу С.Б. е лоциран а потоа и лишен од слобода и донесен во ПС ОН Центар за расчистување на пријавените кривични дела. Во ПСОН Центар С.Б. во присуство на бранител се бранел со молчење а од него со потврда за привремено одземени предмети одземен е еден парагон блок со 18 употребени ливчиња.
Во полициската станица неповикано дошла и С.С. мајка на пријавениот која појасни дека С.Б. не работи во фирма за недвижности и не е овластен од истата да превзема работи во нејзино име. Инаку, од страна на СВР Скопје против С.Б. во 2013 година поднесена е една кривична пријава од областа на имотните деликти. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.