Црна хроника
Уапсена мајката на децата убиени во Австралија
Мајката на повеќето од децата коишто во петокот беа пронајдени убиени во Кернс во северна Австралија, е уапсена под обвинение за убиство, објави во саботата австралиската полиција.
Мајката на повеќето од децата коишто во петокот беа пронајдени убиени во Кернс во северна Австралија, е уапсена под обвинение за убиство, објави во саботата австралиската полиција.
Полицискиот инспектор Бруно Асникар изјави дека 37-годишната осомничен жена чиешто име се соопштува, којашто беше пронајдена во петокот со убодни рани заедно со мртвите деца и довезена во болница, дошла при свест и контактира со полицијата.
Жената е мајка на седум од осумте деца на возраст од 18 месеци до 15 Години, кои беа пронајдени мртви од нивниот 20-годишен брат со убодни рани во местото Кернс во сојузната држава Квинсленд. Осмата жртва е внука на осомничената./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Артилериска граната од Првата светска војна пронајдена во Битолско
Вчера во 08.47 часот во СВР Битола, В.К. пријавила дека при извршување работи на нива во село Драгожани, битолско, била пронајдена стара граната, извести МВР.
„Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за артилериска граната од Првата светска војна со калибар 75мм“, соопшти МВР.
Топ
Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени
Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од СВР Охрид.
Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „пежо“.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.
Црна хроника
Уапсени пет лица од Гостиварско, украле добиток и го продале
Полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Галате, вчера во 16 часот и 15 минути и 19 часот и 30 минути ги лишиле од слобода: 23-годишниот Е.Ф., 18-годишниот Ј.М., 27-годишниот Е.А., 18-годишниот А.Д. и 32-годишниот И.Ф., сите од гостиварски Добридол, извести СВР Тетово.
„Тие се сомничат дека во периодот од 23.03. до 28.03.2024 од штала сопственост на 38-годишниот С.М. од истото село, противправно одзеле добиток и потоа го продале на друго лице од тетовско“, соопшти СВР Тетово.
Задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.