Црна хроника
Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, извести МВР.
Од нив седуммина управувале возило без возачка дозвола (четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско), еден возач во Дебар управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, а еден возач во Битола возел под дејство на алкохол. Во Градско, едно лице управувало возило со брзина поголема од дозволената, а во Кочани едно лице управувало возило во спротивна насока. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка паднала од велосипед: со тешки повреди е пренесена во болница во Штип
Вчера околу 19:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека кај место викано „Рудина“ на некатегоризиран пат, 11-годишна малолетничка од Свети Николе, управувајќи велосипед, паднала, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Полицијата соопшти дека е извршен увид.
Црна хроника
Возило излетало од патот: возачот е тешко повреден а четири лица меѓу нив и малолетници завршиле со полесни повреди
Во СВР Скопје, вчера околу 18:40 часот е пријавено дека на обиколница на град Скопје, клучка Мирковци, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Р.Н. од с.Кондово, скопско, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници С.Н.(40) и тројца малолетници, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
32-годишник од Боговиње и се заканувал на вонбрачната партнерка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од село во општина Боговиње.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 01.04.2026, пријавениот и упатувал закани на неговата вонбрачна партнерка во нејзиниот дом.
