Црна хроника
Уапсени четворица дилери од Скопје и Битола
Четири лица од Скопје и Битола се уапсени поради недозволена трговија со марихуана, во рамки на акцијата на Министерството за внатрешни работи „Мрежа“. Дилерите се уапсени со девет килограми марихуана која ја набавиле во Битола, со намера да ја препродават во Скопје.
Според податоците на МВР, Д.Н. (53) и Ц.Г. (45) со автомобил „мерцедес“ со бугарски регистерски таблички од Скопје се упатиле во Битола каде се сретнале со С.Љ.(34) преку кого набавиле марихуана. По извршената набавка, С.Љ. се вратил во Битола, а двајцата скопјани со дрогата се упатиле кон Скопје.
На наплатната рампа „Петровец“ двајцата дилери биле запрени и уапсени, а во багажниот простор на возилото биле пронајдени девет полиетиленски пакувања исполнети со девет килограми марихуана.
Нешто подоцна, во ресторанот „Премиер“ во Битола биле уапсени и С.Љ. и Т.Љ..
Против сите е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” , а судот им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.