Црна хроника
Уапсени четворица дилери во Куманово
СВР Куманово со кривична пријава до ОЈО Куманово ги спроведе лицата И.М. (29), Д.П. (21), Т.И. (31) и Р.М. (19) сите од Куманово поради основано сомнение дека продавале дрога.
Прво, второ и трето пријавениот се сомничат дека сториле кривично делo – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, додека четвртопријавениот е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело “помагање“
Имено, на 20-ти овој месец откако првопријавениот И.М: бил во друштво со Д.П. договориле заедно со четвртопријавениот Р.М. купопродажба на дрога од лице од с.Сингелиќ. По ова му се јавил на третопријавениот Т.И. да се сретнат за да ги превезе до Скопје во населбата Ченто. Откако стигнале на паркинг плацот на маркет во Скопје, пристигнало зесега непознато лице со ПМВ, со кого И.М. и Р.М. се состанале и по краток договор, непознатото лице и Р.М. заминале со ПМВ, додека Т.И. и Д.П останале да чекаат на паркингот. По околу 15 минути Р.М. се вратил со една најлонска ќеса, со наркотична дрога марихуана која му ја предал на И.М. На регионалниот пат Арачиново-Куманово, во близина на с.Никуштак, ПМВ марка “Шкода Фабија“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.И. било сопрено од страна на полициски службеници од СВР Куманово, при што И.М. ја фрлил ќесата од возилото, што било забележано од страна на полицијата.
Пријавените се лишени од слобода и приведени во просториите на СВР Куманово.
По претходно добиена усмена наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен суд Куманово, од страна на полициски службеници на СВР Куманово, извршени се претреси во домовите на пријавените, при што кај Д.П била пронајдена една дробилка со остатоци од непозната растителна материја која била одземена со потврда за привремено одземени предмети. Одземените предмети се доставени до ОКТ при МВР на РМ и по извршено вештачење е утврдено дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 506,2 грама.
По спроведена постапка од страна на Судија на претходна постапка на прво и четвртопријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, и истите се спроведени во КПУ Затвор Куманово-с. Кшање. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.