Црна хроника
Уапсени двајца бугарски државјани за фалсификување платежни картички
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривични пријави против двајца бугарски државјани кои фалсификувале платежни картички во Македонија.
Осомничените набавиле средства за прибавување на банкарски податоци за изработување на лажни платежни картички (скимери) и неовластено монтирале 20 скимер уреди на банкомати од повеќе домашни банки, во повеќе градови во Македонија, односно во Радовиш, Прилеп, Битола, Гостивар, Неготино и Кичево.Во текот на март, април, мај, август 2014 и јануари 2015 година со намера да прибават податоци од вистински платежни картички и податоци за носителите на истите. Со нелегално обезбедените податоци од платежни картички, кои се во сопственост на државјани на Македонија, изготвиле фалсификувани платежни картички, кои подоцна ги продале на засега непознати лица за одреден паричен надомест. Со фалсификувани картички од банкомати во Струмица како и во странство, САД, Индонезија, Тајланд, Перу и други земји, се подигнати парични средства во вкупен износ од 3.880.839 денари.Од видео материјалот доставен од страна на банките регистрирани се двајцата пријавени како ги поставуваат скимер уредите и уредот за снимање на видео запис на ПИН кодовите од платежните картички, на повеќе банкомати низ Македонија.Против едниот бугарски државјанин од Софија поднесена е кривична пријава за „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ и „соизвршителство“, а против другиот бугарски државјанин од Благоевград е поднесена кривична пријава за помагање за истите кривични дела./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.