Контакт

Топ

Уапсени еден македонски и еден косовски државјанин во Солун: запленети 324 килограми марихуана

Објавено пред

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група, која Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, ја реализира во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамките на меѓународната соработка со надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога од Косово и Грција.

Како резултат на повеќемесечната координирана истрага, денеска во Солун се лишени од слобода еден македонски и еден косовски државјанин.

При контрола на товарно моторно возило, во приколка биле пронајдени и запленети 324 килограми наркотична дрога марихуана, скриени во осум палети со хартија.

Во рамки на акцијата, Одделот за криминалистичка полиција заедно со повеќе сектори за внатрешни работи врши претреси на повеќе локации на територијата на државата, со цел откривање на евентуално инволвирани други лица и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело.

Најново

Свет25 секунди

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника1 минута

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа3 минути

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...

Свет4 минути

„Аксиос“: Трамп не се спротивставил на британските санкции против израелските населби

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се спротивставила на иницијативата на Велика Британија за воведување нови санкции против израелските...

Спорт9 минути

Куртоа повторно ја напушти Белгија

Тибо Куртоа (34) дефинитивно нема да игра за белгиската репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации. Тој ја донесе...

Економија16 минути

„Зелени идеи“ бара нови импакт-бизниси, пријавувањето трае уште една недела

Здружението „АРНО“ потсетува дека остануваат уште седум дена до затворањето на националниот натпревар „Зелени идеи“, на кој можат да аплицираат...

Македонија19 минути

Левица: Испраќањето пратки преку Македонска пошта кон САД е речиси невозможно

До политичката партија Левица деновиве пристигнале повеќе алармантни дописи од граѓани и мали стопанственици околу колабирањето на Македонската пошта, соопшти...

Македонија20 минути

„Тошковски го штити кумашинот Јанушев“, велат од СДСМ

„Скандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност. Според...

Свет26 минути

(Видео) Мамдани објави тајни досиеја за 11 септември: воздухот беше опасен, десетици илјади заболеа од рак

Градот Њујорк објави повеќе од 170.000 страници претходно класифицирани записи за квалитетот на воздухот по терористичките напади на 11 септември...