Црна хроника
Уапсени пет лица заради криумчарење на мигранти, еден мигрант ранет
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во неделата реализираше акција за откривање на криминална група од Скопје за која постоеја оперативни сознанија и информации дека извесен период се занимава со криумчарење и транспорт на илегални мигранти од јужната граница со Република Грција, кон северната со Република Србија.
Во акцијата се приведени пет осомничени лица за превоз на илегалните мигранти и 28 странски државјани кои илегално влегле во земјава, по потекло од Сомалија, Сирија и Пакистан. Меѓу нив имало и шест малолетници на возраст од 5 до 13 години.
Согласно претходно изготвен план, на неколку пункта беа поставени полициски службеници заради вршење на контрола на возилата за кои постоеја индиции дека во нив се транспортираа мигрантите.
Околу 22,00 часот на патниот правец од Струмица кон Радовиш, од страна на униформирани полициски службеници од РЦ „Југ“, направен е обид да бидат сопрени пет патнички возила меѓу кои едно „БМВ“, две возила „Ауди“, еден „Фолксваген Голф“, сите со скопски регистерски ознаки, како и едно возило по кое сеуште се трага. Наместо да постапат по полициската наредба и да застанат, лицата кои ги управувале наведените возила се дале во бегство. Од страна на еден полициски службеник биле испукани неколку куршуми во воздух за предупредување, по што едно од возилата скршнало кон патролата веројатно со намера да ги заплаши и прегази полициските службеници, доведувајќи ги во опасност.
Еден од полициските службеници испукал кон возилото за да го оневозможи и го погодил во багажникот. При тоа е погодено едно лице, илегален мигрант, кој бил сокриен во багажниот простор. Ова било утврдено откако возилата биле сопрени на следниот поставен пункт во непосредна близина на клучката за Радовиш.
Имено едно возило било напуштено и оставено на половина километар од инцидентот, две од возилата имале меѓусебен судар во близина на следната контрола, едно возило било сопрено од полицијата, а петтото по кое се трага успеало да побегне. Илегалниот мигрант кој бил повреден е пренесен во УЦ-Скопје, каде му е констатирана огнострелна рана.
За настанот веднаш е известен надлежен Јавен Обвинител и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.