Контакт

Црна хроника

Уапсени струмички бизнисмен и вработена на бензинска пумпа

Објавено пред

Финансиската полиција во изминатото деноноќие спроведе акција во реонот на Струмица во којашто уапсени се струмички бизнисмен , сопственик и управител на правниот субјект „Емви-Комерц“ од Струмица и вработена на една од бензинските станици на територијата на град Струмица.

dobivaj vesti na viber

Според податоците од предистражната постапка, двете осомничени лица подолг временски период, поточно од 2010 па до 2014 година вршеле добро организиран финансиски криминал со намера да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Македонија.Струмичкиот бизнисмен е осомничен дека започнувајќи од 2010 па сѐ до 2014 година со намера да се стекне со имотна корист од големи размери се договорил со вработената на бензинска пумпа во Струмица, да изготвуваат документација со која „Емви-Комерц“ од Струмица нема да плаќа данок во Буџетот на Република Македонија.При извршениот увид во сметководството на „Емви-Комерц“ во Струмица, Финансиската полиција утврдила дека сопственикот на фирмата за пет години потрошил фантастични 1.524.000 евра во кеш за набавка на нафта иако паралелно вршел и набавка на нафта во помали количини на фактура од други бензински уимпи. Поради нелогичноста на потрошените количества нафта за неколкуте машини со кои располага фирмата, Финансиската полиција изврши контрола во сметководството на фирмата при што пронајде 1254 фискални сметки со прилог сметкопотврди за наводно извршена набавка на нафта за потребите на машините кои се во сопственост на „Емви-Комерц“ од Струмица. Поради сомнителноста на случајот, Финансиската полиција направи детална контрола и на бензинската пумпа на која наводно е купувана нафтата за потребите на фирмата на бизнисменот, при што е утврдено дека бензинската пумпа вкупно нема набавено толку нафта колку што бизнисменот успеал наводно да купи од неа во готово.По извршената детална контрола на пронајдените фискални сметки и сметкопотврди утврдено е дека сите 1254 фискални сметки и сметкопотврди се фалсификувани и воопшто не одговараат на извршениот промет на бензинската пумпа.Финансиската полиција откри дека една од вработените на бензинската пумпа во договор со сопственикот на „Емви-Комерц“ од Струмица, за определен паричен надоместок кој се движел од 200 до 250 евра на месечно ниво, во својот дом на својот приватен компјутер кој исто така е одземен од Финансиската полиција, изготвувала фалсификат фискални сметки. За да операцијата биде докрај успешна и уверлива, по налог на бизнисменот, вработената за секоја фалсификувана фискална сметка изработила и соодветна сметкопотврда која ја заверила со свој потпис и со печат од бензинската пумпа кој ѝ бил доверен при извршувањето на службената должност.Бизнисменот и неговата соработничка  со своите криминални активности успеале да ја оштетат Република Македонија за  536.000 евра, заради што против нив до Основното јавно обвинителство во Струмица се поднесени кривични пријави за постоење на основано сомневање за сторени кривични дела „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и „Фалсификување на исправа“. Двете уапсени лица се изведени пред Судија на претходна постапка во Основниот суд Струмица кој треба да одлучи дали пријавените ќе добијат мерка притвор или ќе се бранат од слобода./крај/мф/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Му се заканил со нож и го нападнал: пресметка пред казино во Кочани

Објавено пред

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З.(24) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „тешка телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.

dobivaj vesti na viber

На 21.01.2024 пред казино во Кочани, по претходна меѓусебна физичка пресметка, пријавениот со нож му упатил закани на Љ.Л., по што физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди, додека на полициски службеник му упатил закани.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Шестмина повредени во сообраќајка во Скопје: учествувало и полициско возило

Објавено пред

Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, сопственост на МВР, патничко возило „пежо“, управувано од Ф.Х.(44) од Скопје и патничко возило „фолксваген буба“, управувано од А.Ш.(27) од с.Арачиново, скопско, сите со скопски регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на пежото и неговите четири сопатнички, Р.А.(57), Х.Х.(47), Р.А.(24) и А.А.(22 ), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Со телесни повреди, исто така, се здобил возачот на возилото „фолксваген буба“, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје: оганот се проширил и кај соседите

Објавено пред

Вчера околу 18.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Ѓ.Д.(65) од Скопје, а биле зафатени и куќите на А.А.(36) од Скопје, Ф.Е.(55) од Скопје и на Е.Н., која се здобила со повреди и била префрлена во здравствена установа за укажување лекарска помош.

dobivaj vesti na viber

Во пожарот, исто така, со повреди се здобил и Ѓ.Д.

Како што соопшти полицијата и тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија52 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија1 час

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион2 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет2 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет3 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион3 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија12 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија13 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија20 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија21 час

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија22 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized23 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ23 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија24 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...