Црна хроника
Убиен таксист со македонско потекло во Белград
Таксист со македонско потекло во четвртокот вечерта е убиен во населбата Глогонски рид во Белград.
Телото на четириесет и едногодишниот Киро Тренески било најдено на десет метри од такси возилото марка „алфа ромео“. На телото имало повеќе прострелни рани на градниот кош. Од белградската такси компанија „пинк“ изјавиле дека нивниот убиен колега не добил повик за возење преку радио мрежата, туку најверојатно убиецот го застанал на улица. Недалеку од местото каде што бил пронајден таксистот утрово полицијата најде уште едно изрешетено тело. Другото тело било најдено на 150 метри од местото каде е најден убиениот таксист и исто така има повеќе рани од огнено оружје. Телото на триесет и деветгодишниот човек било најдено во ендек, а како што јавуваат српските медиуми, втората жртва најверојатно се затекнала на местото на убиството. Тие потоа го изрешетале и него и го оставиле покрај патот и го зеле неговиот автомобил и избегале од местото на злосторството. /крај/блиц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.