Црна хроника
Убиена старица во Радовиш, ѝ украле 2.800 евра
По убиството на 68-годишна радовишанка, во четврток, уапсено е 26-годишно момче, кое се товари за убиството на старицата.
Шеесет и осумгодишната жена е убиена во нејзиниот дом, а уапсено и притворено е 26-годишно момче, за коe се верува дека ја убило пензионерката поради користољубие. Според првичните неофицијални информации, се претпоставува дека убиството го извршиле четири лица, кои ја малтретирале жената, по што ѝ одзеле околу три илјади евра.Јавното обвинителствој соопшти дека 68-годишната С.А. е пронајдена мртва во средата во нејзиниот дом во Радовиш, кога близок роднина дошол да ја посети. Издадена е наредба за вршење обдукција на телото на починатата, како и за обезбедување и подигање на материјални траги од биолошко потекло, фотографирање на местото и преземање дејствија заради откривање на сторителот. Информираа и дека, во четврток наутро е уапсено 26-годишно лице од Радовиш, кое се сомничи за убиството, а одреден му е триесетдневен притвор./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.