Црна хроника
Убиена старица во струмичко, избоден нејзиниот син
Баба е најдена убиена во струмичкото село Бараброво, а нејзиниот син се посомневал во соседот со кого пошол да се пресмета, па завршил со три убодни рани.
Баба е најдена убиена во струмичкото село Бараброво, а нејзиниот син се посомневал во соседот со кого пошол да се пресмета, па завршил со три убодни рани.
Имено, во средата, во периодот од 8 до 9.30 часот во село Барбарово, струмичко, на патот во близина на училиштето, непознат сторител извршил убиство над З.А. (73) од истото село, нанесувајќи и повреди со тврд предмет во пределот на главата.
Телото на З.А. го пронашла нејзината внука, која го известила својот татко – Т.А. (син на З.А.).
Тој, кога видел дека мајка му е мртва, се посомневал дека е убиена од соселанецот А. А. (65). Веднаш отишол во неговиот дом, зел стап и влегол во просторијата во која бил А.А., по што започнале расправија која преминала во тепачка. Во тепачката Т.А. со стапот му нанел повеќе повреди на А.А. во пределот на телото и главата, а А.А. со нож му нанел три убодни рани на Т.А.
По добиената пријава за случувањето, на местото на настанот излегле и увид ивршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
Во домот и помошните простории на А.А. бил извршен претрес при што се пронајдени дрво со кое истиот го извршил кривичното дело, како и два мали ножа на преклоп со кои е повреден Т.А., кои се подигнати за и дадени за вештачење.
А.А. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица во Струмица. По целосно документирање на настанот против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.