Црна хроника
Убодната рана во градниот кош била смртоносна за Ангел
Убодната рана во градниот којашто му ја нанел Насер Ештрефи на матурантот Ангел Петковски кој почина во мај минатата година во инцидентот што се случи во скопската населба Ѓорче Петров, била смртоносна и според вештаците од судска медицина и најбрза реакција на лекарите немало да го спаси момчето од смртта.
Според вештачењето, убодната рана била длабока 14 сантиметри и на младото момче му ги расекло меѓуребрените мускули, десното белодробно крило , десната предкомора на срцето и дел од аортата.Оваа смртоносна повреда предизвикала масивно крвавење кое било многу брзо и според доктор Горан Павловски од Институтот на судска медицина, момчето не можело да се спаси и со најбрза реакција на лекарите.Освен оваа рана, на телото на Ангел имало расекотина на стомакот и нагмечувања. Изјавата на таткото на Ангел Петковски се поклопува со вештачењето што го направиле лекарите, додека објаснувањето на осомничениот Ештрефи за настанот воопшто не било возможно.Осомничениот пак имал телесни повредни нагмечувања и крвни подливи кои не биле опасни по неговиот живот.На Институтот на судска медицина се вештачеле два предмети кои биле подгинати од местото на инцидентот, дрвен стап и косир, односно мало секирче со рачка, предмет којшто досега не беше споменат во судската постапка. Бил вештачен и пендрек кој не бил подигнат од лице место, но вештакот не можеше да прецизира дали повредите на грбот на осомничениот биле нанесени со дрвен стап или со пендрек.Според обвинението, инцидентот се случил откако обвинетиот Насер на 19-ти мај минатата година го украл велосипедот од семејната куќа на Петковски во Ѓорче Петров. Таткото и синот тргнале кон крадецот и му го блокирале патот да не побегне кон мостот. Обвинетиот извадил нож со едностран сечивен дел и замавнал двапати кон Ангел нанесувајќи му убодна рана на десната страна на градниот кош. Таткото на Ангел потоа го нападнал осомничениот со дрвен стап, по што обвинетиот избегал.Таткото заедно со повреденото момче се упатиле до Европската очна болница да побараат медицинска помош, но момчето почина. По убиството на матурантот во скопската населба имаше протести коишто ескалираа па имаше и повредени и приведени./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени пет лица од Гостиварско, украле добиток и го продале
Полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Галате, вчера во 16 часот и 15 минути и 19 часот и 30 минути ги лишиле од слобода: 23-годишниот Е.Ф., 18-годишниот Ј.М., 27-годишниот Е.А., 18-годишниот А.Д. и 32-годишниот И.Ф., сите од гостиварски Добридол, извести СВР Тетово.
„Тие се сомничат дека во периодот од 23.03. до 28.03.2024 од штала сопственост на 38-годишниот С.М. од истото село, противправно одзеле добиток и потоа го продале на друго лице од тетовско“, соопшти СВР Тетово.
Задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Две лица од Тетовско измамени за 11 илјади евра: Албанец им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, ниту отворил, ниту ги вратил парите
Педесет и седумгодишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот на минатиот месец нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврати му платиле вкупно 11 илјади евра, извести СВР Тетово.
„Но, ниту фирмата им била отворена, ниту парите им ги вратил, по што сфатиле дека се измамени“, соопшти СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.