Црна хроника
Украден накит вреден 70.000 евра од куќа во гостиварско
Златен накит во вредност од околу 70.000 евра е украден од куќа во село Долна Бањица, гостиварско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во периодот од 15-ти до 23-ти октомври, во точно неутврдено време, во куќата сопственост на Ф.Б.(46).
Како што информира МВР, дел од украдениот накит бил сопственост на братот на Ф.Б., кој бил на привремена работа во Германија.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.