Црна хроника
Украдени 15 компјутери од ОУ„Панајот Гиновски“ во Скопје
Непознат сторител ноќта помеѓу средата и четвртокот украл 15 компјутери од ОУ„Панајот Гиновски“ во Скопје причинувајќи материјална штета од околу 4.000 евра.
Случајот во полиција го пријавила директорката на училиштето во четвртокот изутрината.
Кражбата е извршена на тој начин што сторителот со употреба на погоден предмет делувал на прозорот од училницата за одделенска настава, влегол внатре и по извршеното пребарување одзел 15 компјутери.
Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 245.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.