Црна хроника
Украдени компјутери од воз што доаѓал од Грција и одел кон Србија
Компјутери што биле транспортирани со воз од Грција кон Србија преку македонија, се украдени, соопшти полицијата.
Имено, во четвртокот, во 13.15 часот во СВР Куманово, телефонски од полициски службеници од полициската станица Табановце–железнички премин, на границата со Србија, била пријавена тешка кражба од вагон од композиција, која сообраќала на релација Богородица (граница со Грција)-Табановце (граница со Србија).
По овластување од Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што е констатирано дека при преглед на српски транзитери-царински посредници било забележано дека недостасува пломба и крилото од еден контејнер било отворено. При извршениот преглед, во присуство на царински работници, утврдено е дека од контејнерот недостасуваат 52 компјутери без монитори марка „HP“. Според нивната документација во истиот контејнер требало да има 42 кутии или вкупно 1.212 компјутери.
Извршени се разговори со лица затекнати на местото на настанот и засега не се знае точната локација каде била извршена тешката кражба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Обид за убиство на паркинг во Кочани, убиецот му влегол во автомобилот и почнал да го боде со нож
Обвинителството гони 24-годишник поради сомнеж за обид за убиство што се случило пред два дена, на 13 септември.
Според информациите од Обвинителството, осомничениот се договорил со жртвата да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани за да се договорат околу продажба на мобилен телефон.
Кога се сретнале, велат од Обвинителството, 24-годишникот влегол во возилото на жртвата, седнал на совозачкото место и почнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.
„По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот“, вели Обвинителството за случајот.
Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Топ
Стара измама, нови жртви: Не наседнувајте ако добиете повик дека ваш близок предизвикал сообраќајка и ви бараат пари
Повторно активна измамата со лажните сообраќајни несреќи. Нови жртви се двајца пензионери, а по измамниците се трага.
Измамникот вели дека ваш близок член на семејството предизвикал сообраќајка со смртни последици и ви бара пари за да биде итно ослободен. Не наседнувајте бидејќи тоа не е вистина.
Нова жртва е 84-годишен маж од Скопје кој во МВР пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице. Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски пријавителот ѝ му кажал дека неговата внука направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека треба да се сретнат за да плати одредена сума за таа да биде ослободена. Откако ги дале парите, пријавителите сфатиле дека се измамени.
Последна жртва е 75-годишна жена од Скопје која истотака вчера во полицијата пријавила дека била измамена од едно лице.
Според пријавителката, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати одредена сума за нејзината ќерка да биде ослободена, по што пријавителката ги оставила парите и личниот накит на локација која што и била претходно телефонски кажана.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Малолетник од Лозово го нападнал татка си, па кршел по дома и оштетил возила
Малолетник го нападнал својот татко и ја кршел покуќнината вчера во семејната куќа во Лозово.
„На 13 септември во 15.00 часот во Полициската станица Свети Николе, Х.С.(54) од село Беќирлија, општина Лозово, пријавил дека во семејната куќа бил физички нападнат од неговиот малолетен син, кој притоа кршел дел од покуќнината, а потоа во дворот од семејната куќа оштетил едно патничко и едно товарно возило“, соопшти МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.