Црна хроника
Украдени таблички од македонско возило во Ханиоти
Македонски државјанин пријавил во полиција дека додека бил на летување во Ханиоти, Грција, му биле украдени регистерските таблички од автомобилот, со што бројката на украдени таблички годинава достигна 13, соопшти Минисерството за внатрешни работи.
Лицето В.Д. од Скопје во недела на граничниот премин „Богородица“ пријавил дека на 25-ти август му биле украдени регистерските таблички од автомобил „шкода јети“во туристичкото место Ханиоти и дека случајот го пријавил во грчката полиција.
Со овој нов случај на украдени регистерски таблички, бројката на вкупно украдени таблички за оваа година достигна вкупно тринаесет, а досега се регистрирани и пет оштетувања на регистарски ознаки.
Со тоа, велат од МВР, е забележан континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Грција.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.