Црна хроника
Украл обетки од ушите на шестгодишно девојче
Прилепчанец украл обетки од шестгодишно девојче и од уште една жена, за што полицијата поднесе кривична пријава против А.А.(27).
За А.А од Прилеп постои основа за сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин. Тој, минатата недела, со употреба на физичка сила извршил разбојништво над шестгодишно девојче при што и одзел златни обетки.Истиот, три дена подоцна искористувајќи ја приликата додека оштетената Д.Д. стоела на ул. „Тризла“, насилно и ги одзел обетките од ушите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.