Црна хроника
Уште двајца пријавени за крадење дрва во Охридско
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, Секретаријатот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б. (48) и М.Б.( 20) двајцата од охридското село Велгошти, откако претходно во саботата поради постоење сомневања за кривични дела „пустошење на шума“ и „кражба на дрва“, преку полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против три лица од струшкото село Лабуништа.
Во вторникот околу 17.30 часот, во атарот на селото Велгошти, пријавените лица биле се затекнати во нелегален транспорт на 1,2 метри просторни буково огревно дрво во сурова во свежа состојба.
Транспортот го вршеле на локалниот пат со патничко возило џип марка „нисан патрол“ без регистарски ознаки и без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт. Пријавените претходно извршиле нелегална сеча на дрвната маса со намера противправно да ја присвојат а потоа дрвата да ги продадат на договорени купувачи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.