Црна хроника
Уште еден мигрант го загуби животот на пругата близу Демир Капија
Мигрант го загуби животот во понеделник вечер на пругата кај надвозникот пред Демир Капија, соопшти СВР Велес.
На местото на несреќата полицијата и јавен обвинител направиле увид. Констатирано е дека усмртеното лице е од Сирија, маж на возраст од 25 години.
Од почеток на ноември ова е шеста несреќа во која животот го загубија седуммина возрасни мигранти и едно бебе.
Пругата долж Коридорот 10 е главната патека по која од Грција преку Македонија мигрантите имаат желба да стигнат до западноевропските земји. Неофицијално, Грција има евидентирано околу 150 илјади мигранти, но ова ниту од далеку не била реалната бројка. Како што пренесуваат националните медиуми во Грција денеска протестираат сириски мигранти. Тие од тамошната Влада бараат работни визи. /крај/лсц/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.