Црна хроника
Уште една жртва во сообраќајката кај кичевско
Тешко повреден возрасен патник во сообраќајната несреќа кај Колари, кичевско, кој беше хоспитализиран во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, ноќеска им подлегнал на повредите на пат кон Ургентниот центар во Скопје.
Со тоа бројот на жртвите во несреќата што се случи во четвртокот попладне околу 18.20 часот се искачи на четворица. Две од починатите лица се деца, јавува Охридњус.Идентитетот на жртвите и нивната возраст официјално не се соопштуваат.Во незгодата во која учествувале патничко возило „Волво“ со кичевски регистарски таблички и пикап со струшки регистрации тешко повредени се уште две лица кои се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.На местото на настанот увид изврши Јавен обвинител, а истрагата треба да ги утврди причините за трагедијата. /крај/мф/
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.