Црна хроника
Уште едно дете настрада во тракторска несреќа
Трагедија се случи во средата доцна попладне во струмичкото село Куклиш кога седумгодишник падна од трактор и беше прегазен од земјоделското возило со кое управувал неговиот татко. Ова е четвртата жртва во тракторска несреќа од почетокот на октомври.
Трагедија се случи во средата доцна попладне во струмичкото село Куклиш кога седумгодишник падна од трактор и беше прегазен од земјоделското возило со кое управувал неговиот татко. Ова е четвртата жртва во тракторска несреќа од почетокот на октомври.
Според сознанијата на струмичката полиција, несреќата се случила околу 18.25 часот во средата во селото Куклиш, додека Б.М. управувал трактор, а неговиот седумгодишен син седел на предниот браник од тракторот. Во еден момент детето паднало и било прегазено од тракторот. На пат кон Медицинскиот центар Струмица, детето за жал им подлегнало на повредите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Минатата сабота се случи слична трагедија кога земјоделска машина влечена од трактор зафати во дворот од семејната куќа тригодишно дете кое почина од здобиените повреди. Претходно кон средината на септември, пак, осумгодишно дете од тетовското село Слатино почина од здобиените повреди откако беше удрено од цистерна влечена од трактор управуван од 55-годишен соселанец.
Претходно седмицава, во вторникот при превртување на трактор во велешкото село Рудник загина 56-годишен жител на селото, а на 6-ти октомври во идентична несреќа животот го загуби 53-годишник од радовишкото село Ињево./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.