Црна хроника
Уште едно македонско возило оштетено во Грција
– (Архивска фотографија)
Уште еден македонски државјанин е жртва на вандалите во соседна Грција, откако неговиот автомобил бил оштетено во туристичкото место Неа Каликратија, со што вкупно се регистрирани дваесетина инциденти во кои се оштетени возила на македонски туристи кај јужниот сосед.
Уште еден македонски државјанин е жртва на вандалите во соседна Грција, откако неговиот автомобил бил оштетено во туристичкото место Неа Каликратија, со што вкупно се регистрирани дваесетина инциденти во кои се оштетени возила на македонски туристи кај јужниот сосед.
Станува збор за скопјанец на чијшто автомобил „форд ескорт“ било скршено задното стакло од десната страна, кој инцидентот што се случил во средата го пријавил во четвртокот на граничниот премин „Стар Дојран“.Сопственикот на возилото, случајот го пријавил во грчката полиција.
Со овој нов случај на оштетувања, бројката на вкупно оштетени возила за оваа година достигна вкупно шест, а досега регистрирани се и тринаесет кражби на регистарски ознаки, со што, како што соопшти македонското Министерство за внатрешни работи, се забележува континуитет на проблемите од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Грција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.