Црна хроника
(Видео) Загина возач откако со товарно возило излета од пат
СВР Битола известува. – На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
