Црна хроника
Викендов се очекува да пристигне телото за кое постои сомнеж дека е на Дениса
Судот од грчкиот остров Родос даде дозвола за транспорт на телото за кое ДНК анализата во Грција покажа дека е исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска.
Од Министерството за надворешни работи очекуваат телото да стигне во Скопје викендов. Од Родос до пристаништето Пиреја кај Атина телото ќе биде превезувано со траект, а потоа од Атина до Скопје по земјен пат, со автомобил, велат од МНР.Иако се најавуваше дека телото ќе стигне во Скопје во понеделник сепак транспортот се оддолжи, во средата се чекаше дозвола од грчкиот судија од Родос да даде дозвола за транспорт на телото бидејќи, согласно грчките закони, за да може да се изнесат посмртните останки после месец дена или ако е телото во поодмината фаза на распаѓање надвор од Грција, потребна е дозвола од надлежен суд.Семејството Маркоски е во исчекување и на нова ДНК анализа или обдукција која што треба да се направи во Македонија во институтот на Судска медицина. Дениса исчезна на 12-ти септември од бродот на којшто работела, додека пловеле по Егејското море. По две недели, во водите на морето кај Родос беше најдено тело за кое обдукцијата во Грција потврди дека е на 23-годишната Дениса Маркоска.Но, семејството се сомнева во резултатите, но и во истрагата што ја водеа грчките истражни органи, по која остана нејасно како девојката го загубила животот./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.