Црна хроника
Во две кражби во Скопје украдени злато и пари
Крадејќи злато и пари, во две одделни кражби во Скопје во саботата, однесен е плен во вредност од околу 450.000 денари.
Имено, во саботата, во Скопје на ул.„Никола Вукмиров“, непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил влезната врата од куќа сопственост на Д.Б.(37) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит и 450 евра по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 360.000 денари.
Истиот ден, во Скопје, на ул.„Социјалистичка зора“ непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил балконската врата од стан сопственост на К.Т.(65) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит, 750 евра и 4.500 денари по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 90.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.